Дисциплинската комисија во Фудбалската федерација на Англија, покрена истрага поради коментарот на Лук Шо по ремиото со Челси во Премиер лигата.

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, изјави дека слушал како главниот судија Стуард Атвел му објаснува на Мегваер дека не досудил пенал по играњето со рака на Хадсон Одои поради страв од реакции во јавноста.

Целата ситуација беше прегледана со ВАР системот, очекувано беше да биде досуден пенал но тоа не се случи, коментиреше поранешниот судија Клатенбург.

Шо за Скај Спорт изјави: Видов како судијата му кажа на Мегваер, дека е пенал но не смее да го досуди затоа што ќе многу реакции после тоа а тоа не смее да се случи. Мегваер му рече дека е пенал според ВАР.

Поради ова Шо може да добие казна од ФА, поради нарушување на интегритот на официално лице за што може да добие парична казна но и суспензија.