Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо по ремито со Лидс посочи дека неговите соиграчи имаат карактер и квалитет за да го направат потребниот исчекор кон можноста да освојат трофеј во оваа сезона.

Манчестер Јунајтед во четврток ја дочекува Рома во воведниот натпревар од двомечот од полуфиналето во Лига Европа.

„Пред на се три важни натпревари, особено тој со Рома. Тој може да ни ја дефинираа оваа сезона. Игравме неколку полуфиналиња во последните две години, и немавме успех во нив. Ова е шанса да го направиме чекорот кој ќе не однесе во правилната насока а со тоа и ќе дојдеме до шанса да го освоиме ова натпреварување.“ – изјави Лук Шо.

За пресметката со Рома во почетниот состав на Солскјер се очекува да се вратат Пол Погба и Едисон Кавани кои против Лидс влегоа во игра во завршницата од мечот.