Српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ нема да настапи во националниот дрес за премсетките со Турција и Русија во Лигата на нации на УЕФА.
Ова е одлуката на напаѓачот со цел да избегне карантин кога ќе се врати во Шпанија а со тоа може да биде дел од подготовките на Реал Мадрид за новата сезона.
Јовиќ утре ќе направи нов тест за Ковид-19 по што ќе им се приклучи насоиграчите и на Зидан на подготовките.
Покрај Јовиќ поради истата причина и Модриќ и Одегард нема да играат за своите земји на престојните натпревари, тврди „Марка“.
Comments are closed for this post.