Според „Билд“ напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ кој реши да се врати во Франкфурт и како позајмен да ја одигра оваа сезона во Бундес лигата имал можност да се пресели во Италија.

Јовиќ имал солидни понуди за позајмица во Премиер лигата во Вест Хем и во Вулверхемптон, но како прв фаворит бил Милан.

Сепак Јовиќ решил да го одбие Милан поради влијанието на Златан Ибрахимовиќ во првиот тим и неговиот загарантиран првотимски статус.

Јовиќ верувал дека со враќањето во Франкфурт ќе игра редовно и со тоа ќе се обиде да се врати во топ форма. По два натпревари по неговиот кам-бек во Бундес лигата постигна три гола.