Милан се подготвува да се бори со Наполи за потписот на Саедар Азмун од Зенит но и покрај ова приоритет останува евентуалниот ангажман на Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

„Газета Дело Спорт“ пренесува дека управата на Милан е решена да води долги преговори со „Кралевите“ околу евентуалниот трансфер на Јовиќ. Има можност и за понуда која ке вклучи едногодишна позајмица со задолжителен откуп на крајот од следната сезона.

Напаѓачот кој пристигна во Мадрид минатата сезона за 60 милиони евра поради Ковид-19 но и поради формата во која играше во деби сезоната во Ла лига ова лето можно е да биде достапен за сума од околу 35 милиони евра.