Фудбалерите на Реал Мадрид полека се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а тренерот Зинедин Зидан може повторно да смета на услугите на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

Јовиќ го повреди зглобот на ногата на пријателскиот меч на Реал против Атлетико Мадрид при еден дуелот со голманот Јан Облак.

По само 7 дена по повредата Јовиќ се појави на тренингот на ” кралевите “. Можност  повторно  да заигра Јовиќ за новиот клуб ќе има на 7.август кога Реал Мадрид на стадионот „Ред Бул Арена“ ќе му гостува на Салцбург, а последниот подготвителен меч за кралскиот клуб лред почетокот на новата сезона ќе биде против Рома на „Олимпико“ на 11. август.