Напаѓачот на Реал Мадрид,, Лука Јовиќ, зборуваше за состојбата во клубот.

Кога дојдовме наутро на тренинг, дојдоа од управата и ни рекоа дека тренинзи нема да има во следните две седмици. Ни кажаа сите да заминеме дома и да не го напуштаме Мадрид. Бидејќи сум повреден, последните 2-3 дена не тренирав туку го користев базенот. Малку стравувам, бидејќи бев во базенот во исто време со заразениот кошаркар на Реал. Јас немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Чекаме информации од клубот“.

Вчера стана познато дека со Коронавирусот е инфициран кошаркарот на Реал Мадрид, Треј Томпкинс.