Заврши времето на Лука Модриќ во Реал, Хрватот ова лето сигурно заминува од „Кралскиот“ клуб.

Како што информира El Mundo Deportivo, претседателот на Реал, Флорентино Перез, му даде дозвола на Лука Модриќ да си најде нов клуб и му даде гаранција дека Реал нема да прави проблем во реализација на тој трансфер.

Модриќ дојде во Реал од Тотенхем, во 2012 година и за клубот одигра 332 средби. Тој со Реал освои 4 Лиги на шампионите.