Подготовките во САД за Реал Мадрид донесoa многу повреди, кои сигурно не ги посакуваше тренерот Зинедин Зидан.

Најпрвo настрада Марко Асенсио, потоа на повреди се пожалија Брахим Диаз и засилувањето од Лион, Менди, а мечот со Атлетико Мадрид порано од предвиденото го заврши Лука Јовиќ, а и Лука Модриќ има проблеми со коленото.

Според информациите Хрватот го очекува долга пауза. Денес тој ќе биде подлегнат на задолжителни прегледи, по кои ќе се утврди сериозноста на повредата.

Утре експедицијата на мадридски клуб се враќа во Европа и веднаш ќе се упати кон Минхен, каде ќе учествува на „Ауди Купот“, турнир кој го организира Баерн Минхен.