Работнички ја сопре Шкендија, може да жали и за трите бода против лидерот, но нема премногу време за анализи затоа што првенството се движи со забрзан ритам, следува гостување кај  Шкупи.

Лука Станковски смета дека со подобра реализација, Работнички може да одигра добар меч и да освои бодови против Шкупи.

„Мислам дека заслуживме и повеќе од бод против Шкендија. Бевме агресивни, одигравме напаѓачки, Шкендија не беше подобра во ниеден сегмент од фудбалската игра. И тоа ни дава мотив дека можеме да одиграме така квалитетно, би сакал да биде и за нијанса подобро, и на неделниот натпревар против Шкупи. Јасно е, ни недостига единствено реализацијата за да оствариме триумф и против најдобрите. Се надевам дека тоа ќе се случи веќе на мечот против тимот од Чаир“, вели Лука Станковски.

Натпреварот меѓу Шкупи и Работнички се игра денес, со почеток во 14 часот, на компкексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Ставрев.