Франк Рибери до крајот на оваа недела ќе биде претставен како ново засилување на Фиорентина.

Ова го најави Газета Дело Спорт а според германски Кикер, крилниот плејмејкер ќе стави потпис на две годишен договор со „виолетовите“ според кој ќе заработува по четири милиони евра по сезона.

Во меѓувреме пораншениот сограч на Рибери од дресот на Баерн Минхен и екс напаѓач на Фиорентина, Лука Тони му постави прашање на Инстаграм на Французинот: Мој брате, доаѓаш во Италија?