Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку покажа дека оваа сезона е еден од главните фаоврити за златната копачка во Англија.

Ова по победата на Челси над Арсенал од 2:0 во која Лукаку постигина еден гол и беше еден од најдобрите на теренот.

„Доминантен бев, секогаш се обидувам да бидам подобар, добро започнав. Сакам да придонесам за тимот, да победувам и да го користима моите шанси на натпреварите. Мора да продолжиме да работиме напорно, Премиер лигата има голема конкуренција како и Лигата на шампионите.“ – изјави Лукаку.