Пред мечот од третото коло од Лигата на шампионите меѓу Челзи и Малмо, УЕФА од секоја екипа бараше да објави податоци околу јазиците на кои зборуваат нивните играчи, како играчите би знаеле на кој јазик ќе разговараат со нив.

Интересна е листата на Челзи, на која има неколку полиглоти. На врвот неприкосновен е Ромелу Лукаку, кој говори дури осум јазици и тоа француски, германски, англиски, шпански, португалски, холандски, фламански и италијански.

Со пет јазици по него е Матео Ковачиќ, кој говори англиски, германски, хрватски, италијански и шпански.

Дури четири играчи говорат по три јазици. Станува збор за Маркос Алонсо, Цезар Азпиликуета, Тијаго Силва и Жоржињо. Девет на листата знаат само еден, вкулувајќи го и Хаверц, кој засега зборува само германски.