Белгискиот репрезентаттивец има една желба, Интер, го моли Јунајтед да се договорат и сагата конечно да заврши.

Интер веќе подолго време преговара со Јунајтед кој не попушта, 85 милиони евра и Лукаку може во Милано. Интер ги нема тие пари и преговара за разни бонуси и играчи на позајмица.

Покрај Интер и Јувентус  е заинтересиран за Лукаку, тој има 26 години, сака да ја напушти Англија, за Јунајтед има одиграно 96 натпревари и постигна 42 гола од 2017 година.