Оле Гунар Солскјер ги изостави Ромелу Лукаку и Матео Дармијан од списокот со 26 играчи кои отпатуваа за Норвешка за пријателската пресметка со Кристиансунд.

Лукаку не учествуваше на ниту еден контролен натпревар од досегашните четири и извесно е дека до 8 август ќе го напушти Јунајтед. Покрај Интер за услугите на Лукаку постои интерес и од Јувентус.

Дармијан пак веќе е подзаборавен од европската јавност и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А но засега не е познато во кој клуб.

Мечот во Норвешка меѓу Кристиансунд и Манчестер Јунајтед ќе се игра утревечер од 20 часот а последната пријателска средба, „Ѓаволите“ ќе ја имаат на 3 август против Милан.