Ромелу Лукаку игра фантастично кај Интер, одлично се прилагоди во калчото, еден од најдобрите играчи е во составот на Антонио Конте.

Белгиецот во пресрет на неделното градско дерби со Милан, со пофални зборови за Златан Ибраимовиќ.

„Ибра е голем шампион, голем респект имам за него. Би можел да тренирам секој ден со него. Ибрахимовиќ е голем професионалец, не ни чудно што игра на врвно ниво на 38 години, средбата в недела ќе биде супер интересна“ – изјави Лукаку.

Лукаку за Интер настапи на 22 средби и постигна 16 голови во сите натпреварувања. Белгиецот во недела за прв пат ќе настапи на дербито во Милано.