Претставници на милански Интер се очекува да пристигнат во Англија деновиве во обид да го финализираат трансферот на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.

Притисокот во моментот е врз „нероазурите“ да ги обезбедат потребните финансиски средства за трансферот, со оглед на тоа што во трката за потписот на Лукаку се вклучува и Јувентус. Според информациите, Јунајтед не е расположен за размена на играчи, туку само за 75 милиони фунти за белгискиот напаѓач.

Лукаку има договор со „црвените ѓаволи“ до 2022 година, но веќе некое време размислува да го напуштки клубот, додека Јунајтед е расположен да го продаде, но само за вистинската сума.