Ромелу Лукаку е еден од најважните играчи во составот на Конте во оваа сезона. Белгиецот игра одлично по трансферот од Манчестер Јунајтед а оваа сезона, е во директна трка со Кристијано Роналдо за златната кошарка во Италија.

Лукаку досега постигна 18 голови и има 5 асистенции, со еден гол поефикасен од него е само Кристијано Роналдо од Јувентус.

„Секогаш размислувам само на победа, во добар период сум од мојата кариерата а Интер е единственото нешто за кое размислувам. Напредуваме, во моментов сме на првото место, чувството е убаво, но мора да продолжиме напред. Секогаш сакам да напредувам, како и сите други фудбалери. Среќен сум за победата над Џенова, но сега мора да се фокусираме за пресметката со Парма.“ – вели Лукаку.

Интер ќе и гостува на Парма во 25 коло од Серија А, натпреварот ќе се игра во четврток од 20:45.