Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукако нема намера да се врати во Челси и покрај богатата понуда од неговиот поранешен клуб.

Ова го пренесува „Газета Дело Спорт“ откако Лукаку бил дециден преку својот агент дека нема намера да се пресели во Лондон.

Челси му нуди годишна плата од 10.5 милиони евра плус бонуси, но тој бил среќен во Интер и не сака да го менува клубот.

Лукако по трансферот во Интер од Манчестер Јунајтед во 2019 година одигра 95 натпревари во дресот на „Нераѕурите“ а постигна 64 голови. Ја освои тутулата во Серија А и беше еден од најдобрите играчи во овој шампионат.