Манчестер Јунајтед нема да има слични проблеми како со Погба(кој инсистира на трансфер во Реал Мадрид) барем кога е во прашање иднината на Ромелу Лукаку на Олд Трафорд. Репрезентативецот на Белгија потврдил дека нема намера да го форсира неговото засминување од екипата на Солскјер иако има отворена понуда од Интер.

Според  пишувањата на островските медиуми, Лукако одлучил да ја почитува вољата на раководството и ако тоа реши тој да остане во Јунајтед нема да има ништо против.

Лукаку ова лето се поврзува со трансфер во Интер но има и опција за преселба во Шпанија. Што од ова ќе се реализира ќе видиме но едно е јасно, Солскјер допрва има битки кои треба да ги добие ако сака конкурентен тим за следната сезона во Премиерлигата.