Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукако го постигна 17 овосезонски гол во Серија А во победата над Милан од 4:2 и беше видно задоволен од прикажаното, пред се во второто полувреме.

„Второто полувреме беше неверојатно. Мислам дека им овозможивме премногу простор за игра во првиот дел и милан заслужува честитки за тоа што го покажа во првото полувреме. Одиграме со поинаков интензитет и на крајот заслуживме да победиме. Првото полувреме беше тешко за нас но сите на стадионот го видоа менталитетот на Интер, нашето не предавање и нашата желба за победа.“ – изјави Лукаку.

Интер 24 коло во Серија А ќе го дочека од лидерската позиција на табелата, во него ќе му гостува на Лацио.