Интер вчеравечер победи на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 3:2 и со ова ги задржи шансите за пласман во одминафиналето од Лигата на шампионите.

Лукаку ги попостигна двата клучни гола за тимот на Конте во 64 минута и во 73 минута со што Интер дојде до пет бода по пет кола и шанса за пласман во елиминациите.

„Како што кажав, јас сум само еден од 25 фудбалри. Тука има многу поискусни од мене. Сакам да му помагам на тимот да победува, тоа го правам на секој тренин и на секој меч. Среќен сум што сум тука, ова е најдобрата година и некој месец во мојата кариера, му благодарам на тренерот и на сите во клубот.“ – изјави Лукаку.