Играчот за врска на Милан, Лукас Биља, можеби ќе го напушти клубот уште во февруари.

Според информацијата на Calciomercato, Биља можеби ќе продолжи во Аргентина, каде го бара Бока Јуниорс. Друга варијанта е да му пристапи на некој клуб од американската МЛС лига.

Од порано се знае дека Милан е во потрага по засилување во средниот ред, Дури се зборува дека „Росоњерите“ ќе подготват и понуда до Реал, за Лука Модриќ.