Јирген Клоп на вчерашната средба со Атлетико најмногу се налути на хрватскиот интернационалец Шиме Врсаљко, кој прво издејствува жолт картон за Садио Мане, а потоа со претерана глума се обиде тој да добие и црвен.

Тоа е дел од фудбалот, но мене не ми се допаѓа. На сите им беше јасно дека се обидуваат со црвен картон да го исфрлат Мане од игра. Штета, Мане одигра добро прво полувреме, но морав да го заменам – се уплашив дека Врсаљко може да падне и од длабокиот здив на Мане“.