УЕФА одлучи дека завршницата во Лигата на шампиони и Лигата на Европа нема да се одржи во Истанбул, како што се претпоставуваше, а како место на кое ќе се одржи Ф8 во двете натпреварувања се споменува Лисабон.

Имено, Португалија и „Луж“(стадионот на Бенфика) се очекува да ги нагости сите Европски гиганти кои ќе изборат пласман во четврфиналето, а причина за вакво нешто е пред се местоположбата на која се наоѓа Лисабон и Португалија, а им одговара на сите тимови кои ќе играат на овој завршен турнир.

УЕФА оваа одлука треба да ја потврди во наредните две седмици, а сезоната во ЛШ ќе започне на 5.август, додека во ЛЕ ќе стартува од 7.август.