Откако во медиумите во Италија се појави информација дека мајката на Кристијано Роналдо, не ја следи нејзинаа снаа на Инстаграм, Долорес излезе со демант иако дел од медиумите тврдат дека ова е само јавно „заташкување“ и смирување на топката.

Целата приказна започна со објава на медиумтие во Португалија кои сеуште тврдат дека снаата и свекрвата не разговараат повеќе од една недела.

Причина за ова е откако Долорес престанала да ја следи Георгина на Инстаграм. Ова многу ја навредила 25 годишна сопруга на Кристијано. Долорес тврди дека немало расправија а настанот со Инстаграм следењето е ненамерен и по грешка.

„Јас само што започнав да користам Инстаграм и навистина не го разбирам баш најдобро.“ – објави Долорес.