Кристијано Роналдо и оваа година е меѓу топ кандидатите за „Златаната топка“, неизвесно е дали ќе ја добие но неговата мајка изјави дека тој  е на удар од фудбалската мафија.

Долорес Авеиро смета дека Роналдо е под притисок од фудбалската мафија, да ја нема тој би освоил многу повеќе награди.

„Да беше Шпанец или Англичанец мојот син ќе освоеше повеќе „Златни топки“, тој е на удар од фудбалската мафија која прави се да не добие нова вакава награда“ – изјави мајаката на Португалецот.