Мајката на Кристијано Роналдо си ја кажа својата желба, околу тоа каде сака да игра нејзиниот син. Иако му оди одлично во Манчестер Јунајтед, таа го гледа во дресот на Спортинг Лисабон.

„Роналдо мора да се врати во Спортинг. Доколку јас одлучував, тој веќе ќе беше тука. Обожава да ги гледа натпреварите на Спортинг. Веќе му реков, „Синко, пред да умрам, сакам уште еднаш да те видам во дресот на Спортинг“. Тој ми одговори, „Ќе видиме“. Но ако ова не може да се случи, тогаш Кристијанињо нека го облече дресот на Спортинг“– вели Долорес.

Со оглед на тоа дека е познато дека Роналдо ја почитува неговата мајка многу, нема да биде чудно да ја исполни нејзината желба и повторно да заигра за Спортинг.