Џеси Лингард откако се врати во Манчестер Јунајтед, продолжи со одличните игри кои лани ги имаше во дресот на Вест Хем, па дури и постигна гол против тој клуб каде беше шест месеци, по што одлучи да не го слави голот.

Со тоа покажа почит кон клубот, каде ја рестартираше кариерата.

Ваквиот негов потег во победата од 2:1 беше поздравен од фановите на Вест Хем, но наиде на потсмев од страна на легендарниот Мајкл Овен кој никако не може да го сфати потегот на стрелецот на погодокот.

„Реализацијата на Лингард беше апсолутно извонредна. Сепак, има една работа која е навистина лоша во цело ова сценарио. Не можам да поверувам дека не го прослави голот.“

„Не можам да поверувам и не можам да се помирам со фактот дека играчите не слават голови против поранешните клубови. Да бидеме реални, Лингард беше во Вест Хем само две минути. Ако не сака да им даде гол, нека подаде. Тоа е мојата забелешка, се останато беше спектакуларно“– вели Мајкл Овен.