Поранешниот десен бек на Интер, Маикон изјави дека  Лаутаро Мартинез  е подобар фудбалер од  Пауло Дибала и е убеден дека Антонио Конте може да го освои Скудетото со Интер.

Бразилецот во интервју за „La Gazzetta dello Sport“ пред дербито на Италија зборуваше за случувањата во Серија А и шансите на Интер за да стигнат до Скудетото по пауза од 10.години.

„Дибала е голем играч, но јас велам кога Мартинез е во препознатилива форма тогаш тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Играч кој прави огромна разлика, не е чудо што за него се интересираат сите големи клубови “-изјави Бразилецот.