Македонецот Влатко Андоновски со женската фудбалска репрезентација на САД го освои бронзениот медал на ЛОИ во Токио.

САД во дуелот за третото место со 4:3 ја совладаа селекцијата на Австралија. Андоновски е вториот Македонец со освоен  медал во Токио.