Македонецот како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Токио во женска конкуренција. Неговите избранички беа подобри на пенали против Холандија.

Први поведоа Холанѓаните преку Миедема во 18-тата, но до крајот на првото полувреме девојките на Андоновски стигнаа до пресврт. Прво во 28-та минута, Мевис стрелаше за израмнувње, а во 31-та минута Вилијамс донесе водство за својата селекција.

Повторно стрелец за Холандија беше Миедема во 54-тата мунута, со што донесе израмнување, а Холанѓанките имаа шанса и за победа, но Мертенс не беше прецизна од белата точка во 81-та минута. Во дополнителните 30 минути гол не постигна ниту една од селекциите, а потоа улогата на хероина ја доби голманката на САД, Нахер, која со две одбрани ја пласираше својата селекција во четирите најдобри.

Фудбалерките на САД во полуфиналето ќе сретнат со Канада, додека во другиот полуфинален меч играат Шведска и Австралија.