Македонската футсал репрезентација се соочува со сериозен проблем за утрешниот дуел со Украина во квалификациите за СП. Дополнителните прегледи на коленото на Адријан Мицевски покажаа дека станува збро за истегнати странички лигаменти.

Поради ова Мицевски дефинитивно ќе го прескокне натпреварот против Украина а ќе мора да оди и на дополнително снимање за да се утврди тежината на повредата.

Првичните прогнози се дека нема да биде потребна операција, потврди за Дриблинг.мк, нашиот репрезентативец Мицевски.

Мицевски постигна еден гол против Косово во мечот кој заврши со победа на гостите од 7:5.