Без Метју Божиновски и Стефан Чолаковски кои се во задолжителен карантин, но со Давид Тошевски, Македонија У21 ќе ги одигра престојните два натпревари од евроквалификациите.

Македонската репрезентација до 21 година на 7. октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12. октомври против Ерманија во Ереван ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2023 година.

Селекторот на младата репрезентација, Драги Канатларовски за двете гостински пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимив (Кадино).

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш 1930), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница).

Средина: Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дуго Поље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Методи Максимов (Работнички), Лука Трајковски (Борец).

Напад: Давид Тошевски (Горник, Полска) Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија).

Македонија до 21 година на воведните два натпревари од тековните квалификации освои бод против Србија на домашен терен, а загуби од фаворитот во групата Франција на отворањето од циклусот квалификации за ЕП 2023.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 3. октомври во хотел „Александар Палас“ во Скопје.