Македонската фудбалска репрезентација попладнево ќе одржи еден тренинг, официјалниот на „Јохан Кројф“ арената, дуелот со Холандија се игра утре од 18 часот.

Проблем е повредата на Горан Пандев, тој ги пропушти двата тренинга во Амстердам, има порблем со зглобот, неизвесно е дали ќе настапи против „лалињата“, тренингот започна од 18-30 часот.

Македонија е без шанси за прогрес во осминафиналето, Холандија е прва во групата со две победи.