Ждрепката во Амстердам денеска ќе ги донесе учесниците на второто издание на Лигата на нации на УЕФА.

Македонската репрезентација извлекувањето го чека од вториот шешир за настап во Лига Ц. Според пропозициите нашата селекција нема да може да игра против Косово, белорусија и против Кипар.

Лига А:
Прв шешир: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија
Втор шешир: Белгија, Франција, Шпанија, Италија
Трет шешир: Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска
Четврти шешир: Хрватска, Полска, Германија, Исланд

Лига Б:
Прв шешир: Русија, Австрија, Велс, Чешка
Втор шешир: Шкотска, Норвешка,Србија, Финска
Трет шешир: Словачка,Турција, Република Ирска, Северна Ирска
Четврти шешир: Бугарија, Израел, Унгарија, Романија

Лига Ц:
Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Втор шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Трет шешир: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Четврти шешир: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија

Лига Д:
Прв шешир: Гибралтар, Фарски Острови, Летонија, Лихтенштајн
Втор шешир: Андора, Малта, Сан Марино

Средбите од групната фаза во Лигата на нации ќе започнат во септември оваа година, ќе се игра во октовмри и ноември додека плеј-оф натпревари се предвидени за март следната година.

Македонија првата сезона во ова новоформирано натпреварување го започна во Д лигага каде остануваат уште полуфиналето и финалето.

На 26 март во Скопје, Македонија ќе го дочека Косово со желба за победа и пласман во финалето преку кое може да обезбеди учество на престојното Европско првенство.