Македонската репрезентација до 18 години ремизираше без голови против Србија на првиот контролен натпревар кој двете селекции го одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Милан Кременовиќ во второто полувреме, во 55. минута го постигна погодок за победа на гостинската репрезентација. По центаршут во нашиот шеснаесетник, невнимателно реагираше нашата одбрана, топката се одби до Кременовиќ и ја смести во мрежата на голманот Китановски.

Без шанси за отворање на резултатот двете селекции ги завршија првите 45. минути, а во продолжението од натпреварот за одбележување, освен голот на Србија, е одличниот удар на нашиот Дамјан Трајановски во 85. минута кога добрата интервенција на голманот спречи израмнување на 1:1.

Вториот меч меѓу селекциите на Македонија и Србија до 18 години ќе се одигра в четврток, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 11:00 часот.

Нашата репрезентација предводена од селекторот Шкумбин Арслани натпреварот го започна во следниот состав:

Македонија до 18 години: 1. Кристијан Китановски, 3. Аљтрим Јакупи, 4. Виктор Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Иван Николов, 9. Азер Омерагиќ, 11. Методи Максимов, 13. Бенјамин Далипи, 15. Имран Фетаи, 19. Марио Илиевски, 21. Хамза Рамани;

12. Иван Николовски, 22. Кире Новаков, 2. Јасин Муше, 5. Александар Ѓурковски, 6. Спасе Терзиев, 10. Лука Станковски, 14. Адас Рамадани, 16. Луан Абази, 17. Анатолиј Петејчук, 18. Лавдрим Љатифи, 20. Фитон Адеми, 23. Дамјан Трајановски;

Србија до 18 години: 1. Лазар Славковиќ, 2. Виктор Роган, 3. Ненед Перовиќ, 4. Милан Кременовиќ, 5. Урош Дрезгиќ, 7. Никола Њамчуловиќ, 8. Јован Лукиќ, 9. Лука Цветичанин, 10. Никола Чолиќ, 16. Урош Кнежевиќ, 20. Алекса Марковиќ;