Во рамки на „еЕУРО“ кое УЕФА го организира во соработка со КОНАМИ и чиј финален турнир ќе се одигра во Лондон за времетраење на Европското фудбалско првенство, на 9 март започнуваат квалификациите за македонската репрезентација.

На првиот натпреварувачки ден ќе се одиграат првите натпревари во нашата група Ц, и тоа со следниот распоред:

17.00 ч. Швајцарија – Македонија

18.00 ч. Македонија – Казахстан

19.00 ч. Македонија – Босна и Херцеговина

21.00 ч. Молдавија – Македонија

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на ТВ платформата на ФФМ: tv.ffm.mk

Повратните натпревари се закажани за 23 март, 2020 година.