Македонија Ѓ.П.  поладнево од 17 часот се среќава со Алашкерт во квалфикациите за Европа лигата, противникот од Емренија е фавоти но нашиот тим најавува дека ќе направи се да стигне до добар резултат.

Дејан Тантуровски (заменик капитен) и шефот на стручниот штаб Александар Таневски ветуваат добра игра, екипата е подготвна за овој предизвик.

“Мислам дека сосема заслужено стигнавме до тука, натпреварот ќе биде тежок за двете екипи, но ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат, а тоа е се освен пораз. За противничката екипа Алашкерт имаме голема почит, тие важат за една квалитетна екипа која што веќе 4 години по ред игра во европските натпреварувања. Тоа можеби ги прави фаворит, но јас мислам дека ќе биде сосема неизвесно, а тоа ќе го докажеме ние на денешниот натпревар” – изјави Дејан Тантуровски.

Слично размислува  и тренерот Александар Таневски:

“Не очекува натпревар со добар противник, кој игра допадлив фудбал. Последните неколку години ја претставува Ерменија во европските натпреварувања, ги респектираме и ќе влеземе максимално претпазливо во првите 90 минути. Спремни го дочекуваме натпреварот, а неколкуте добро одиграни пријателски натпревари се знак дека сме добро подготвени за она што не очекува. Познавајки ги моите момци кои имаат силен лавовски карактер и многу пати до сега покажаа дека кога е најпотребно знаат да го дадат својот максимум ми дава за право да верувам во добар резултат ” – изјави Александар Таневски .