Тимот од Ѓорче Петров се надева на пласман во второто коло во Европа лигата  и покрај негативата од 3-1 по првиот меч на гости со Алашкерт од Ерменија.

Македонија Ѓ.П. утре со почеток од  16-30 часот  на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ е домаќин на оваа средба, тренерот Александар Таневски смета дека негативата е достижна.

„Негативата од 3-1 кажува нешто друго, но силите на терен не изгледаа така по резултатот. Се надевам дека на  овој натпревар ќе имаме повеќе среќа и  самодоверба и дека можеме да успееме. Понекогаш ако изгубите и со еден гол, пак треба да дадете два гола за да продолжите понатаму. Во Ереван примивме голови по наши грешки. Се надевам дека нема да ги повториме , и со брз гол  да стигнеме до успех“– изјави Таневски на прес конференцијата.

Голманот Марко Јовановски смета дека екипата сега подобро знае со каков противник има работа, тој е оптимист дека ќе можат до второто коло во ЕЛ.

„Голот што го постигнавме  на гости ни дава надеж дека ќе можеме да оставриме позитивен резултат. Победа со два гола разлика не е недостижна“ – изјави Јовановски.