Македонија Ѓ.П. на својот сајт објави дека се засилила со нов играч од Бразил, станува збор за  Фернандо Аугусто Родригес де Араујо (25) кој  ќе игра во  одбрамбената линија.

“Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб – нешто што знам дека ќе го возвратам со иста мера. Со нетрпение чекам да го облечам дресот и да го дадам својот допринос за што поуспешна сезона“ – изјави Фернандо.