Скопскиот фудбалски прволигаш, Македонија ЃП по одличната воведна полусезона во домашното првенство, има сериозни амбиции за остатокот од сезоната.
Избраниците на Жикица Тасевски веќе десетина дена работат во Ѓорче Петров а на 22 јануари ќе заминат во Анталија каде ги очекуваат шест контролни натпревари.
Распоред на контролни натпревари:
Македонија ЃП – Александија 24-01-2021
Македонија ЃП – Инхулетс 27-01-2021
Македонија ЃП – Монтана 30-01-2021
Македонија ЃП – ЦСКА 1948 31-01-2021
Македонија ЃП – Минај 03-02-2021
Македонија ЃП – Олимпик Доњецк 05-02-2021
Според планот, Македонија ЃП до 5 февруари треба да заврши со подготовките во Турција по што ќе се врати во Скопје и ќе го очекува воведното коло од пролетниот дел во ПМФЛ против Струга на 14 февруари.
Comments are closed for this post.