Европската куќа на фудбалот УЕФА дозволи да се играaт квалификации за Лигата на Европа на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Скопје поради презафатеноста на главниот стадион, Арената „Тоше Проески“.

Кога ќе се реваншите од Лигата на Европа, односно 18 јули, се случуваше вистински хаос, затоа што три меча требаше да се играат во Скопје во период од три дена, а има само еден функционален стадион.

Причина за тоа е што Шкендија го игра реваншот од ЛШ во вторник, додека во четврток, Шкупи и Македонија ЃП беа домаќини на средбите.

Поради тоа, попуарните  „лавовите“ ќе се преселат на тренинг-центарот при ФФМ и ќе играат натпревар од Лига Европа .

Македонија ЃП ќе игра со Алашкерт од Ерменија, а мечот е закажан в четврток, од 16:30 часот.
Шкупи, пак, ќе игра на Арената „Тоше Проески“, а терминот на натпреварот со Пјуник дополнително ќе биде утврден.