Овогодинешниот финалист од фудбалскиот Куп на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров од четврток заминува за Банско каде ќе ги одработи подготовките пред настапот во квалификациите од Лига Европа на УЕФА.

Новото засилување во нападот е Ален Јашароски кој денеска потпиша едногодишен договор со тимот на Александар Таневски, од предходно тоа го сторија: Фернандо Агусто, Лука Трајковски и Благоја Спиркоски.

Јашароски доаѓа од Приштина а македонската јавност го памети по настапите во дресот на Шкупи.Во следниот период екипата на Александар Таневски ќе биде засилена и со нов стопер а најавени се и уште едно до две засилувања.

На подготовките во Банско, ѓорчепетровци ќе одиграат неколку пријателски натпревари меѓу кои и против Сабали од Азербејџан и ЦСКА Софија од Бугарија.

Оваа сезона, Македонија ЃП ја заврши на петото место во ПМФЛ, загуби во финалето од Купот по пенал рулетот од Академија Пандев а последен пат играше во натпреварувањата под знакот на УЕФА пред десет години.