Водечките два тима во домашното фудбалско првенство Шкендија и Македонија ЃП денеска во Тетово ќе играат во дербито на 14 коло од ПМФЛ.

Откако во минатото коло лидерот ремизираше кај Струга 1:1 а Македонија ЃП одигра без голови во Скопје против Шкупи, денешниот натпревар може да се покаже како клучен во трката за т.н. есенска титула во ПМФЛ.

Интересен е податокот дека „лавовите“ од Ѓорче Петров цели 14 години немаат победа во Тетово против Шкендија, последен пат запишаа триумф 22. април 2006 година со минимални 1-0.

Денеска од 13 часот се игра комплетното 14. коло.