Македонскиот фудбалски прволигаш верува дека со Александар Таневски повторно ќе има успешна завршница од сезоната и учество во европски купови.

Младниот но перспективен тренер со кој клубот од Ѓорче Петров играше во квалифиациите за Лига Еверопа а претходно избори и пласман во финалето од Купот на Македонија, се враќа дома, дознава Дриблинг.мк.

Во составот на Македонија ЃП има неколкумина играчи кои добија шанса од Таневски и ја искористија пред две сезони.Последен ангажман на Таневски беше оној во Академија Пандев каде сега е Александар Васоски.

Македонија ЃП во среда е домаќин на Пелистер во 30 коло од ПМФЛ, натпревар на кој старо-новиот тренер ќе се појави на клупата на „Лавовите“.