Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим и Лум во недела во рамките на 29.коло од ПМФЛ ќе се сретнат во натпревар кој е од големо значење за двата тима во битката за Европа.

Тренерот на „лавовите“, Жикица Тасевски вели дека Струга е одличен тим, и во пресрет на дуелот излезе со интересна изјава.

„Очекувам убав и тежок натпревар. Струга игра неверојатно сезонава и со право се борат за излез во Европа. Мојот колега Срѓан Захариевски го ценам многу и сметам дека заврши одлична работава сезонава во клубот. Натпревар од големо значење за нас во борбата за едно од местата кои водат во европските купови. Се надевам дека на крајот ние ќе бидеме подобриот и посреќниот тим и ќе стигнеме до бодовите на овој меч“, изјави Тасевски. 

Екипата на Македонија ЃП се наоѓа на 3.место со 48 поени додека Струга е веднаш зад нив на 4.позиција со 44 поени.