Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 18 години славеше во дуелот со Унгарија со 3:0 во битката за третото место на Меморијалниот турнир „Вацлав Јежик“ во Чешка.

Головите за нашата репрезетнација ги постигнаа, Николов, Фета и Новески. Нашата надежна репрезентација предводена од селекторот Шкумбин Арслани запиша две победи и еден пораз на овој турнир.

„Црвено-жолтите“ беа поразени од Украина со 2:1 а ја победија Словачка со 3:2.