Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, предводена од Благоја Милевски на 28 јануари ќе ги дознае противниците за новиот циклус квалификациите за пласман на ЕП 2023 година.

Ждрепката во Нион ќе покаже во која група ќе биде нашата селекција која може да се најде во конкуренција со Шпанија, Австрија, Словачка, Црна Гора и Луксембруг (ова е само една можност).

Македонија е дел од четвртиот шешир за ждрепката за евроквалификациите.

Шешир 1: Шпанија, Германија, Франција, Англија, Италија, Данска, Португалија, Холандија, Хрватска

Шешир 2: Австрија, Полска, Швајцарија, Чешка, Белгија, Русија, Србија, Шведска, Грција

Шешир 3: Словачка, Исланд, Украина, Словенија, Ирска, Израел, Норвшека, Бугарија, Турција

Шешир 4: Шкотска, МАКЕДОНИЈА, БиХ, Велс, Северна Ирска, Финска, Унгарија, Белорусија, Албанија

Шешир 5: Црна Гора, Косово, Литванија, Казахстан, Молдавија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Летонија

Шешир 6: Луксембург, Ерменија, Малта, Андора, Естонија, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино