УЕФА следната недела на состанок  на Извршниот одбор кој е предвиден да трае два дена, ќе реши кога ќе се одигра полуфиналето меѓу Македонија и Косово во Лигата на нации.

Македонија има голема шанса за пласман на ЕП 2020, кое ќе се одржи следната година а беше одложени поради пандемијата од корнавирусот и ќе се игра во 2021 година.

Состаноците УЕФА ќе ги одржи според оваа динамика,  на 17 јуни од 12 до 15 часот е предвиден првиот дел, а на 18 јуни состанокот ќе се одржи од 9 до 11 часот.На оваа седница ќе се решава и за термините за завршницата од Лигата на шампикните и Европа лигата, ќе се решава и за  местото на одигрување на финалните мечеви, Истанбул отпадна па во игра се Лисабон и Франкфурт за Европа лигата.